Женски труп пронајден во стан во Велес

од Берта Китинска
Женски труп пронајде вчера полицијата во стан на улица „д-р Христо Татарчев“ во Велес. Починатата е идентификувана и се работи за 85-годишната С.З. од Велес.

„Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт, без траги на насилство. По наредба на  јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот“, информираа од СВР Велес.

Слични содржини