Женскиот оргазам трае трипати подолго од машкиот

од desk2

Men’s Health одвои неколку интересни факти за женскиот и машкиот оргазам. Овие научни факти може да ги искористите за зачинување на сексуалниот живот.

1. Сексуалниот однос трае отприлика 17 минути

Според податоците на списанието Royal Society Open Science, еден сексуален однос трае од 100 до 500 пенетрирања или во просек 17 минути и 5 секунди, пресметано без предигра.

2. Жените можат да доживеат оргазам и во сон

Некои жени не мораат да бидат будни за да доживеат оргазам, можат да го доживеат додека сонуваат еротски соништа. Според гинекологот Шери Рос, иако нема физички контакт, во текот на еротскиот сон крвта во гениталиите струи побрзо, па силното и брзо движење на крвта низ интимните органи води до оргазам. Дел од тоа поврзано е и со фактот што кога спиеме сме мирни, во длабока релаксација и нема никакви нервози ниту анксиозност, што е идеално за доживување оргазам.

3. Женскиот оргазам трае трипати подолго од машкиот

Типичен женски оргазам трае 20 секунди, што е многу повеќе од шесте секунди колку што трае кај мажите. Тука е и можноста жените да имаат неколку оргазми по ред, што не е случај и кај мажите.

4. Жените сакаат да мислат на Џони Деп додека се самозадоволуваат, а мажите на Бијонсе

Компанијата за сексуални помагала Tenga направи истражување за тоа за кои најпознати личности луѓето размислуваат кога се самозадоволуваат. Во истражувањето учествувале 13.000 луѓе на возраст меѓу 18 и 74 години, од различни краеви на светот. На прво место е Бијонсе, а потоа следат Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Тејлор Свифт и Кајли Џенер. На листата на мажите за кои жените размислуваат се Бред Пит, Џони Деп, Крис Хемсворт, Том Круз и Крис Прет.

5. Клиторисот е всушност мал пенис

Додека девојчињата се зачеток во фаза на ембрион се развива клиторис и тоа од истото ткиво од кое подоцна на момчињата ќе им се развие пенис.

„Сите сме градени од исти делови, а хормоните во телото одлучуваат дали ќе се развијат машки или женски органи“, објаснува урологот Наталија Лопушнјан.

Врвот на клиторис и личи на врвот на пенис, и двата се хипер сензитивни и се однесуваат слично.

„Кога жената ќе се возбуди клиторисот почнува да расте исто како пенисот во истата ситуација“, вели докторката.

6. Мажите се возбудуваат од женскиот глас

Истражување на Универзитетот во Олбрајт покажува дека жените можат свесно да манипулираат со својот глас, дека можат да звучат еротично и привлечно. Според научниците, мажите се возбудуваат на длабок и задишан глас, со оглед на тоа дека жените наводно несвесно го продлабочуваат гласот тогаш кога сакаат да му порачат на мажот дека се заинтересирани.

Слични содржини