Жерновски: Арсовска заборави дека поради политиката на нејзината партија, во Скопје беа истурени кубици бетон и народни пари која самата не може да ги преброи

од Vladimir Zorba

„Независната” кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје бара во главниот град да има повеќе зеленило наместо бетон. Како? Молам ?!? Верувале или не, тоа го бара кандидатката на партијата која за потребите на најкриминалниот проект во историјата на државата, „Скопје 2014” , беа уништи 74% од зеленилото во општина Центар“,сподели поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски на својот ФБ профил.

„Зарем кандидатката одеднаш, преку ноќ, заборави дека поради политиката на нејзината партија, во Скопје беа истурени кубици бетон и народни пари која самата не може да ги преброи.

Бидејќи „заборавила”, ќе ја потсетам дека беа низградени 28 барокни згради во износ од 430 милиони евра, 6 барокни катни гаражи за 57 милиони евра, барокни стиропор фасади за 43,5 милиони евра, 34 споменици за 33, 6 милиони евра, 5 плоштади за 32,2 милиони евра, панорамско тркалп за 19,8 милиони евра, 2 подземни гаражи за 11,5 милиони евра, 39 скулптури за 6,5 милиони евра, порта за 6,3 милиони евра, 2 фонтани за 3,4 милиони евра“, истакнува Жерновски.

Слични содржини