Жерновски кон Мицкоски: Замини си, за доброто на сите нас!

од Vladimir Zorba

„Вчерашниот твој нов скандал, со кој дефинитивно го покажа и докажа својот прилично лимитиран капацитет, е опасна и крајно штетна порака до граѓаните и нивното поведение. Однесувањето кое го демонстрираш(е) за целото времетраење на пандемијата, не само што те прави недоличен да водиш дури и политичка партија, туку нанесува директна штета на целиот труд да се справиме со здравствената криза“, вели заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски во своето обраќање кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Сметав и се надевав дека претходниот скандал со теретаната ќе те вразуми, односно дека конечно ќе сфатиш за одговорноста што сите ние, од различни позиции, ја имаме кон нашите граѓани. За жал, тоа не се случи. Напротив, уште повеќе го демонстрираше отсуството на морал, совест, етика, па, ако сакаш, и на домашно воспитување.

Манифестирањето на самоволие и сила е одлика на твојата матрица на резонирање и однесување.

Претходно те замолив да не ни одмагаш во ова исклучително тешко и критично време, кога веќе не сакаше да ни помогнеш. Сега, кога часовникот веќе го одброи твоето време, ќе ти порачам да си замимеш за доброто на сите нас“, се додава во обраќањето на Жерновски.

Слични содржини