Жерновски: Крајно опасно е ова што го прави министерката Мизрахи, следен чекор е вето

од Viktor Jovanov

Крајно опасно е ова што го направи министерката Мизрахи со таблата во министерството за труд и социјална политика, следен чекор е вето. И не само што немаме повлекување на ставот, туку имаме и потврдување, што носи кон дополнителен конфликт. Ова однесување од Мизрахи е однесувањето на Груевски и она што не чека од Мицкоски. Такво насилничко однесување, нанесување штета на држават мора да биде санкционирано. Ова нема да заврши само со прекшрочна и парична казна, мора да има нешто друго, изјави заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

-Граѓаните ќе можат да изберат, одење напред и просперитет и враќање назад. Кога еден двајца заменици министри го прават ова, замислете ги цела влада. Преспанскиот договор е причината зошто се деблокираа евроинтеграциските процеси. Бевме заглавена земја без перспектива. Денеска е исторски момент, празник, се крена знамето на НАТО пред Собранието, всушност се крена целата магла од самото постоење на нашата земја. Влеговме во побезбедни води, ова е огромен успех. Загрозувањето на Препаснкиот договор е загрозување тоа сега што го имаме, НАТО и преговори со ЕУ, рече Жерновски.

Тој додава дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи и ја кандидатката за претседател државата од партијата, Гордана Силјановска Давкова ја лажат јавноста дека постои некаква можност за укинување на договорот и нови промени во Уставот.

Слични содржини