Жерновски: Македонските граѓани имаат насушна потреба од фунционирање на правниот систем

од Vladimir Zorba

Денешната одлука на Врховниот суд, со кои се одбиени барањата на Гордана Јанкулоска, Ѓоко Поповски и Никола Груевски да не одат в затвор за случајот „Тенк“ е само почеток на најавениот и долго очекуван мандат на судската и извршна власт во кој решително ќе се спроведува правда, ред и дисциплина, сподели на фејсбук екс-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

„Македонските граѓани имаат насушна потреба од фунционирање на правниот систем, а неселективна одговорност и санционирање на сторениот криминал мора да има!

Токму со вакви чекори ќе дојдеме до главната цел, а тоа е враќање на довербата кај граѓаните во правната држава. Никој не е, не смее и нема да биде над законот!“, додава Жерновски.

Слични содржини