Жерновски: Нема „помудар“ политички потег од оној да најавиш блокада на Скопје откако ти е блокирана партиската сметка

од Vladimir Zorba

Блокада на квадрат. Нема „помудар“ политички потег од оној да најавиш блокада на Скопје откако ти е блокирана партиската сметка, пишува Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил.

ВМРО-ДПМНЕ денес повика масовно, без разлика на политичката, верската и етничката припадност од 12:30 завршувајќи во 14 часот на протести кои што се, според нив, „натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме“.

„Заедно да победиме во спасот на македонската иднина и иднината на македонскиот народ. Да порачаме заедно оставка на Заев, слобода на народот“, споделија од партијата во најавата за протестите.

Слични содржини