Жерновски: Неминовно ќе ни се случи романското, односно бугарското сценарио пред влегување во ЕУ

од Vladimir Zorba
„Нашата држава и нашето општество влегуваат во финалната фаза пред конечното стабилизирање. Неминовно ќе ни се случи романското, односно бугарското сценарио, кое им претходеше на двете земји пред нивното влегување во ЕУ“, вели поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски.
„Ако на тоа се додаде и фактот дека следи завршната фаза на решавањето на косовското прашање, станува повеќе од јасно дека ќе бидеме сведоци на досега најинтересната, но и најсурова разврска на домашната политичка и судска, а со тоа неминовно и на подземната сцена. Таа и таква битка (ќе) се води и во партиите на власт, и во партиите во опозиција, особено најголемата.
Како што беше историјата, така и денешницата ќе биде сведок на сериозни судири, тука и во регионот, на големите меѓународни фактори, кои ќе се интензивираат како што ќе се приближуваме до разврската. Тие веќе ги подготвија, а дел од нив и објавија своите стратегии.
Па сепак, само наивните нема однапред да го препознаат победникот на дуелот кои се одвива на домашен и на регионален терен.
Ова, секако, е лоша вест за матните политичари, обвинители и судии, но е одлична вест за граѓаните.
За среќа, го дочекавме овој момент. Време беше!“, посочува Жерновски

Слични содржини