Жерновски: Последен пат македонски јазик се спомнува далечната 2005 година

од Vladimir Zorba

„Несомнено е дека чекор поблиску ова јас би рекол и курцијалниот исчекор наш, остварување на стратешката цел да бидеме земја членка на ЕУ, исклучително битно е тоа што ЕУ наложува да европското законадавство да биде преведено на македонски јазик тоа е нешто што треба сите да не радува и фактички веќе значи дека кога ќе станеме членка на ЕУ, македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ…“, изјави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски за ТВ Сител.

Тој очекува преговарачката рамка да биде усвоена од земјите членки, и потоа да се дојде до онаа фаза каде што се случува меѓувладината конференција и да го започнеме процесот.

– Oваа нова методологија која што ја усвои Брисел е нешто што ние го баравме, тоа значи поголема динамичност, поголем мониторинг, овој процес кој што е лоша вест за оние коишто не се спремни, но е добра вест за оние што се подготвени, ние се сметаме за подготвени, тоа го покажавме со … скриниг, така што ние сакавме, баравме да има една поголема динамичност, да има процес кој што ќе можеме побрзо да го оствариме и се радуваме за тоа што е така….“, смета тој.

Договорот со Бугарија, како и Преспанскиот договор, според Жерновски е причината за ова што разговараме денеска, преговарачката рамка, без тие договори повторно ќе бевме во блокада.

– Потенцирам дека последниот пат македонски јазик се спомнува далечната 2005 година, значи 15 години, декада и пол ние немаме никакво спомнување или речиси минимално, дури придавката македонски не се споменува, сега откако го заокруживме нашиот идентитет во ООН и откако Комисијата во Брисел даде насоки како да се користи македонскиот јазик, правиме еден многу важен исчекор затоа што идентитетот е многу важен, изјави заменик-министерот за надворешни работи.

Слични содржини