Жерновски: СДСМ нема да биде жртва на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вечно да се одлагаат изборите

од Aleksandar Petrovski

Заменик министерот за надворешни работи и член на Централниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ истакна дека сакале или не ние мора да имаме избори на 5 јули, бидејќи тоа е рокот кој тече од 22 дена по крајот на оваа вонредна состојба.

-Македонските здравствени власти знаат што прават, здравствените институции воопшто не се оптоварени, капацитетите се празни што е добро, а беше кажано и од министерот Филипче. Најголем дел од оние новозаразени се или се без симптоми или со благи симптоми, имаме таргетирано тестирање затоа е голем бројот на заразени, а владата го контролира и ќе се избориме со овој вирусот. Апелирам за почитување на мерките, нагласи Жерновски.

-Ние сакале или не мора да имаме избори на 5 јули. Тоа е рокот кој што тече кога ќе заврши оваа вонредна состојба. Не може политички партии и лидери да си го толкуваат законот како што сакаат. СДСМ нема да биде жртва на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вечно да се одлагаат изборите. Мицкоски не сака избори, тој нема да оди ниту на редовните избори. Сака избори во 2021 заедно локални со парламентарни. Не може вечно одложување, вечни преговори, не може ние вечно да имаме вонредна состојба. Не може иднината на нашата земја да зависи од иднината на Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ очекуваше ќе доживееме распад на здравствениот систем, економијата, а се случи обратното. Ќе сториме се да се одржат 100 процентно безбедни избори во земјата, истакна Жерновски.

Слични содржини