Големата “грижа” за Охридското езеро ни траеше до… изборите, пишува во својот коментар на Фејсбук поранешниот пратеник Андерј Жерновски, по најавата на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за уредувањето на плажите на Охридското Езеро и нивно повторно издавање под концесии.

-Што е сега веќе битен УНЕСКО, не важи тоа што роневме крокодилски солзи и критикувавме, Тоа беше кога бевме во опозиција, сега сме на власт! Него… зарем навистина ни поверувавте ?!?, прашува Жерновски.

Според  Пецков сите објекти и урбана опрема на плажите каде изминатиот период беше интервенирано за нивно отстранување, биле изградени со проекти прифатени од Министерството за транспорт и врски, со забелешка дека тоа не се дивоградби.

– Тоа не се дивоградби, туку неспособност на Локалната самоуправа да го реши проблемот и да го утврди начинот на концесионирање и за тоа како треба да изгледаат. Не станува збор за дивоградби, туку за проекти врз основа на кои плажите беа издадени под концесии. Проблемот е во тоа што претходната локална самоуправа и централната власт од 2017 година наваму не најдоа за сходно да ги решат концесиите, рече Пецаков.

И од СДСМ Охрид посчуваат дека оваа одлука на Пецков се коси со препораките на УНЕСКО.

-Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро. Навистина зачудува фактот што Пецаков како поранешен советник и пратеник покажува тотално непознавање на законите и го нема прочитано Планот за управување со светското природно и културно наследство и не му се важни препораките од УНЕСКО, стои во рекацијата.

Слични содржини