„Жешка“ поддршка од Нивес Целзиус за Хрватите на Мундијалот (ФОТО)

од Nikola Popovski

Како одминува Светското првенство, така и навивачките во Катар стануваат се поопуштени и се повеќе се осмелуваат да ги истакнат своите атрибути и да се облекуваат попровокативно.

Прва тоа го направи Ивана Кнол, најпознатата хрватска навивачка, која со своето провокативно деколте предизвика бурни реакции пред стадионот, но и во сите светски медиуми.

Наскоро видовме и навивачки од други земји кои им пркосат на строгите правила на властите во Катар, кои, додуша, „замижуваат“ кога е строгоста во прашање, барем додека трае Мундијалот.

Во пресрет на новиот натпревар на Хрватска, овојпат против Канада, кој е на програмата денеска, атмосферата меѓу „коцкестите“ дополнително ја запали Нивес Целзиус, поранешна пејачка и поранешна сопруга на фудбалерот Дино Дрпиќ.

Таа е фотографирана во провокативно бикини со „шаховница“. Интересно е и тоа што меѓу градите ставила мобилен телефон, копирајќи ја познатата парагвајска навивачка Лариса Рикелме, која стана светска сензација на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius)

Слични содржини