Жесток одговор на Американците: Путин донесе важна одлука

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Русија, Владимир Путин, достави до Државната дума нацрт-закон за раскинување на Договорот за отворено небо од страна на Русија.

Документот беше внесен во базата на податоци на долниот дом на парламентот во вторникот наутро и беше испратен до претседателот на Државната дума.

На 5 мај, руската влада донесе одлука за одобрување и доставување до шефот на државата предлог за раскинување на Договорот.

Министерството за надворешни работи на 15 јануари објави дека е поведена внатрешна постапка за повлекување од договорот. Министерството посочи дека, откако САД се повлекоа од договорот, билансот на интереси на земјите учеснички беше „значително нарушен“.

Договорот за отворено небо беше една од мерките за градење доверба во Европа по Студената војна, што им овозможи на 34-те држави потписнички отворено да собираат информации за меѓусебните воени сили и активности. Постапката за повлекување на Соединетите држави од Договорот за отворено небо започна на 22 мај 2020 година, а заврши на 22 ноември.

Слични содржини