Жесток судир меѓу демонстрантите и полицијaта во Подгорица по донесувањето на Законот за претседател

од Radmila Tasevska

По донесувањето на Законот за претседател во Собранието на Црна Гора, незадоволните предизвикаа жестока реакција што веднаш доведе до судир со полицијата во Подгорица.

Како што пренесува „Вијести“, голем број млади момчиња дошле од правец на познатиот „Кралски парк“ и ја нападнале полицијата која возвратила со солзавец. Напаѓачите имале фантомки на главите и со пепер спреј ја нападнале полицијата. Ја урнале и оградата пред Собранието.

За демонстрантите измените на Законот за претседател имаат за цел уривање на уставниот поредок, што велат нема да го дозволат. Искршено е стаклото на собраниската врата, а во ходникот се пронајдени камења.

Слични содржини