Жесток судир меѓу Станија и Кристијан Голубовиќ во емисија: „Сега е време јас да изнудам пари од тебе“

од Nikola Popovski

Станија Добројевиќ и Кристијан Голубовиќ се сретнале лице в лице во српското шоу „Магазин ин“, па дури и за време на оваа средба, двајцата не можеле да издржат, а да не си возвратат со неколку провокации.

Поранешните колеги од ријалити-шоуата ги оживеале старите страсти пред камерата и повторно започнале конфликт, на кои не им ставиле крај ниту после толку години.

Голубовиќ најпрво открил дека го нервираат приказните за фамозните пари што се спомнуваат уште од кога двајцата заедно учествувале во реалното шоу „Фарма 6“.

„Ме вознемирува тоа што „тој, како, изнуди пари од неа, ја ограби нешто, ова, она“ , изјавил Голубовиќ.

Сепак, ниту Станија не сакала да молчи, па затоа јавно го испровоцирала некогашниот добар пријател од ријалити-шоуто и докажала дека оваа тема со пари, која се спомнува многу пати, е болна тема за неа.

„Потпиша договор за „Задруга 4“, сега е време да победиш, за да можам да изнудам пари од тебе“, брутално му одговорила Станија.

Слични содржини