Жестока казна за Унгарија поради однесувањето на навивачите

од Nikola Popovski

Унгарската фудбалска репрезентација е казнета со три натпревари забрана за присуство на навивачи на трибините.

Унгарија беше казнета за, како што се наведува во соопштението, за „дискриминаторско однесување на своите навивачи“ за време на трите натпревари на Европското првенство.

Унгарскиот фудбалски сојуз исто така ќе треба да плати 100.000 евра.

Француските фудбалери се пожалија дека биле навредувани на расна основа за време на дуелот меѓу двете репрезентации на 19 јуни во Будимпешта.

Исто така, беа земени предвид хомофобичните транспаренти што ги покажаа унгарските приврзаници за време на дуелот од првото коло помеѓу Португалија и Германија.

Слични содржини