Жестоки реакции по одлуката на Џафери, опозицијата објави „војна“

од Берта Китинска

Oдлуката на собранискиот спикер Талат Џафери да ја отфли иницијативата за организирање на референдум од страна на ВМРО ДПМНЕ како неуставна предизивика жестоки рекации.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека првиот човек на Собранието измислил непознати причини за да ја отфрли нивната иницијатива за референдум. Според опозициската партија, Талат Џафери ја заштитил Владата од судот на народот за поништување на Договорот со Бугарија. Од оваа партија се повикуваат на член 24 од Законот за референдум и велат дека може да има референдум за меѓународни договори кои се надлежност на Собранието или за други прашања за кои Собранието одлучувало.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја повикува целата опозиција да влезе во тотална блокада на Собранието.

Тој смета дека по последната постапка на собранискиот претседател Талат Џафери кој самиот реши да ја цени уставноста на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, нема веќе смисла да се биде во Собранието.

СДСМ и ДУИ со идентичен став и во одбрана на Џафери. Двете партии се сомневаат дека опозицијата намерно поднела правно неуредна иницијатива за да предизвика нови поделби и тензии.

„Нема ништо спорно ако се оценува уставноста на актот донесен од г-н Талат Џафери. Но, да потсетиме, одлуките на Талат Џафери често не им се допаѓаа на политичките партии, но времето докажа дека тој е најголемиот почитувач на Уставот. Сите битки за уставноста на своите одлуки ги доби на институционален начин пред Уставниот суд“, вели Арбр Адеми, ДУИ.

Слични содржини