Жичарницата времено нема да работи

од Nikola Popovski

ЈСП Скопје информираше дека времено нема да работи Жичарницата на Водно поради силниот ветер.

-Ве информираме дека Жичарницата од утринава, времено не е во функција поради силниот ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, соопштија од ЈСП Скопје, под чија е капа е Жичарницата.

Слични содржини