Жиру и официјално во Милан

од Vladimir Zorba

Францускиот фудбалер Оливие Жиру е официјално новиот играч на Милан, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Tок пристигна во Милано од Челси и го зема дресот со број девет.

Францускиот напаѓач за лондонскиот клуб, во кој пристигна во 2018 година, одигра 119 натпревари и постигна 39 погодоци, ги освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ФА купот.

Пред Челси играше за Арсенал, Монпелје, Турс, Истр и Гренобл.

Слични содржини