Жиру ќе ни биде многу корисен, задоволен е Азар

од Vladimir Zorba

Еден Азар го пофали новиот додаток на Челзи, Оливие Жиру, кој вчера го одигра својот прв натпревар за шампионот на Англија и помогна во триумфот против Вест Бромвич со 3-0.

Французинот запиша асистенција за првиот гол на Белгиецот, кој смета дека поранешниот играч на Арсенал ќе биде многу корисен за „Сините“.

“Тој е одличен централен напаѓач, еден од најдобрите во Англија, на кого ја испраќате топката и потоа трчате до него. Ова не се однесува само на мене, туку на Педро, Вилиан и останатите. Го имаме, се разбира, Алваро (Мората), јас исто можам да играм на оваа позиција, но без сомнение тоа ќе биде многу корисно“, рече Азар, кој беше најдобар во мечот и постигна два гола.

Белгиецот веќе имаат 15 гола од почетокот на сезоната во 35 натпревари на сите турнири и изгледа речиси сигурно дека ќе го подобри неговиот личен рекорд, што е 19 голови во сезоната 2014-15. Тој постигна 11 гола во Премиер лигата.

„Тиери Анри, кој е помошник во репрезентацијата, ми кажа да шутирам повеќе. Затоа сум веќе насочен на различен начин и кога ќе го почувствувам моментот, се обидувам да постигнам гол. Кога ќе подадам, веднаш тргнувам напред, а и без топка сум побрз, па можам да напаѓам од втора позиција“, објасни Азар.

Слични содржини