Жители на Маџари: Ако не се тие канти нема што да јадеме, а сега и тоа ни го забранија поради коронавирусот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Околу триесетина ромски семејства, од кои десетина малолетни деца, кои живеат во импровизирани куќички во скопската населба Маџари, во близина на Кванташки пазар, се едни од најпогодените од кризата со корона вирусот. Тие велат дека поради корона вирусот полицијата не им дозволува да работат, односно да собираат пластични шишиња и картони за да се прехрануваат. Оставени се како што велат „во милост и немилост на државата“, и додаваат дека досега не добиле помош од Црвен Крст, пренесе „Цивил“.

„Народот тука трпи за леб, не можат ниту да одат во контејнери да собираат храна, бидејќи ако полицијата ги фати ќе ги однесат една година во затвор“, вели еден жител од таа населба.

Слични содржини