Живковиќ: СДСМ е одговорна партија, се грижи за сите граѓани

од Ивана Рамаданова

СДСМ е одговорна партија, се грижи за сите граѓани, а пред се за луѓето кои ја градеа оваа држава и го трасираа патот за младите, смета Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„Имам особено задоволство да соопштам дека 324.000 пензионери и пензионерки од овој месец земаат пензија повисока за 722 денари. Ова е највисокиот износ за кој се покачени пензиите во последните 20 години. Сега просечната пензија е 15.500 денари и е зголемена за 1.746 денари, во однос на 2016 година кога изнесуваше 13.754 денари. До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно до 900 денари, и ќе се зголемуваат заедно со растот на економијата, покачувањето на минималната и на просечната плата“, истакна Живковиќ.

Според него, зголемувањето на пензиите не се финансира со задолжувања, како што тоа паушално го правеше претходната власт, туку е резултат на домаќинското работење на СДСМ и спроведувањето на пензиската реформа.

„СДСМ успеа да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за три милијарди денари. Истовремено приходите во фондот се зголемени за 10 проценти. Го враќаме достоинството на повозрасните граѓани, на нашите мајки и татковци, баби и дедовци. Тие заслужуваат да ги поминат пензионерските денови со дигнитет и со мерки кои им го олеснуваат животот“, потенцира Живковиќ.

По 12 април, како што велим СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети.

Слични содржини