Живковиќ: Советничка на Груевски го води кабинетот на Мизрахи, очигледно не му е доволно што го контролира Мицкоски (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски работи по инструкции на бегалецот од правдата, Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски отворено работат на враќање на режимот. Последен доказ за тоа е шефицата на кабинетот на министерката за труд и социјална политика во преодната влада, Рашела Мизрахи“, вели денеска Милан Живковиќ, Претседател на комисија за труд и социјална политика.

Марија Апостолова, шефицата на кабинетот на Мизрахи е поранешна советничка на Груевски, дел од 90те советници на осудениот криминалец во бегство. На Груевски очигледно не му е доволно што го контролира Мицкоски, туку целосно ја држи контролата и преку сите кои се дел од кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини