Живот за време на коронавирус во станови-кафези: Невозможно е да се држи социјална дистанца во нив (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Лум Чаи има 45 години, а пред пандемијата, вели тој, од неговото повеќе од скромно сместување, отишол во градот за да ги избегне соседите, но сега тоа е невозможно.

Станува збор за минијатурни станови, големината на сандаци, кои ОН веќе ги нарекоа „навреда за човечкото достоинство“.

Ова се простории каде има доволно простор само за кревет и за облека, а соседот веќе е оддалечен помалку од половина метар.

Бањите во таканаречените „станови-кафези“ се заеднички, а кујна често нема, има само места за решо.

Апартманите се одделени само со импровизирани или преградни sидови.

Лум плаќа станарина од 232 долари и живее во стан со 10 други.

Хонг Конг е познат како град на банкари, но во него најмногу се забележува разликата помеѓу социјалните класи.

Тој е еден од најгусто населените градови во светот со 6.544 жители на квадратен километар.

Епидемијата ги натера овие разлики да се продлабочат, оставајќи многумина да живеат во „кафези-станови“ без сместување затоа што не беа во можност да платат кирија.

Според неодамнешните податоци, во Хонг Конг се пријавени 1.038 случаи на инфекција на коронавирус, со четворица мртви.

Во градот се воспоставени рестриктивни мерки заради ширењето на вирусот, кои се продолжени до првата недела од мај.

Забрането е да се слави Денот на трудот, а не е јасно дали сите собири ќе бидат откажани во јуни и јули.

Министерката за здравство Софија Чан рече дека општеството ќе треба да се навикне на рестриктивни мерки бидејќи тоа ќе стане нормално.

Слични содржини