Животниот век на Американците во 2020 година падна  повеќе и од Втората светска војна

од desk4

Ваквите податоци се резултат на повторниот раст на инфицирани со ковид-19 во земјата. Бројот на хоспитализирани исто така се зголемува
Животниот век во САД опадна за една и пол година во 2020 година, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија американските здравствените власти.

Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажаа дека просечниот животен век на Американците паднал од 78,8 години минатата година на 77,3, објави Би-Би-Си во средата.

Главниот виновник за опаѓањето, според истражувачите, е пандемијата со ковида-19, како и рекордно високата смртност од лекови.
Податоците дојдоа како резултат на повторниот раст на инфицирани со ковид-19 во земјата. Бројот на хоспитализирани лица исто така се зголемува, а дневниот број на смртни случаи е скоро 50 проценти поголем од минатата недела. Повеќе од 600.000 Американци починаа од почетокот на пандемијата.

Извештајот на Националниот центар за здравствена статистика на ЦДЦ (НЦХС) открива дека вкупната просечна возраст од 77,3 години е најниска од 2003 година.

Официјалните лица минатата недела објавија дека смртноста од предозирање е зголемена за скоро 30 проценти во 2020 година, достигнувајќи рекордна бројка од над 93.000 луѓе.

Слични содржини