Животот се враќа во Газа: Палестинците повторно на риболов

од Nikola Popovski

Животот полека се враќа во главното палестинско рибарско пристаниште во појасот Газа, по прекинот на огнот меѓу палестинскиот Хамас и Израел.

Израелските безбедносни сили спречија палестинските рибари да пловат за време на конфликтот, но започнаа да дозволуваат ограничен број чамци да одат на море, почнувајќи од саботата, откако примирјето влезе на сила, од рано наутро во петокот.

Жителите на Газа се силно зависни од риболов, а по една ноќ на риболов, рибарите вчера се вратиле во пристаништето Ал-Мина полни со ракови, школки и риби.

Медиумите додаваат дека купувачите едвај чекале да купат риба и морски плодови, а младите им помогнале на постарите лица да ги сортираат и измијат фатените количини. Рибата потоа била товарена и испратена до локалните пазари.

Сепак, ова не е првпат на Палестинците да добијат забрана за риболов.

Во текот на претходните години, Израел повремено воведуваше забрана, а потоа им дозволуваше на жителите на Газа риболов, а слично беше и со пуштањето вода и електрична енергија, што честопати им беше одбиено.

Палестинците честопати добиваа вода и електрична енергија неколку часа, а потоа се случуваше прекин.

Слични содржини