„Жолтата подморница“ го „потопи“ Јувентус и се пласираше во четвртфиналето

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Виљареал и актуелен освојувач на Европа лигата по ремито во Шпанија го совладаа Јувентус во Торино и се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Старата дама најпрво се закани преку Мората во 11. минута. Фудбалерите на Јувентус продолжија да се закануваат преку Влаховиќ, десет минути подоцна, но резултатот не се промени.

Џовани Ло Селсо одговори за Жолтата подморница, но остана 0-0 по првите 45 минути игра.

Ништо интересно не се случи се до 77. минута, кога Виљареал доби пенал по гледањето на ВАР системот. Сигурен реализатор од белаата точка за 0-1 беше Жерар Морено.

Пау Торес со голот од 85. минута го реши прашањето за пласман меѓу осумте најдобри во Европа.

Потопот на Јувентус се случи во 91. минута, кога Данџума од нов пенал за Виљареал ги постави конечните 0-3.

Избраниците на Унаи Емери продолжуваат со вкупни 4-1 против Јувентус.

Слични содржини