„Жолти елеци“: Предоцна е донесена одлуката за откажување од зголемувањето на данокот

од desk2

Француските демонстранти синоќа ја поздравија одлуката на претседателот Емануел Макрон за откажување од зголемувањето на данкот на горивото, кое беше планирано за следната година, но велат дека можеби тоа нема да биде доволно за да се смири гневот во јавноста.

„Мислам дека одлуката е донесена предоцна“ рекла за АП портпаролката на „жолти елеци“, Жаклин Муро.

Француската влада ја повлече одлуката за зголемување на данокот на горивото за 2019 година, кое претходно беше суспендирано на шест месеци, соопшти синоќа францускиот премиер Едуар Филип.

Тој на пратениците во парламентот им рече дека од зголемувањето на данокот сега се откажува во буџетот за 2019 година и порача дека владата е подготвена за дијалог, пренесе АП.

Слични содржини