„Жртва“ на ковид 19: Се разбудила на сопствениот погреб пред кремирање

од Берта Китинска

Една постара жена од Индија за малку не успеа да изгори жива, откако нејзиното семејство помисли дека починала од ковид 19 и се подготвувала за кремирање.

76-годишната Шакунтала Гаиквад минатата недела беше позитивна на коронавирус.

Нејзиното семејство ја однело во болницата во Барамата, но била вратена Дејли меил.

Додека чекале брза помош, таа изгубила свест и семејството погрешно помислило дека починала. Почнале да ја подготвуваат за кремирање.

Сепак, малку пред да ја запалат, жената се разбудила во паника и започнала да плаче.

Локалната полиција ја потврди приказната, додаваат медиумите.Подоцна била пренесена во болница на лекување.

Слични содржини