Жртвата на Вајнштајн сведочи како била злоставувана: Не можев да викнам полиција ќе ме протераа

Една од двете главни жртви во судењето на Харви Вајнштајн во понеделникот раскажала како холивудскиот продуцент сексуално ја злоставувал во детската соба од неговиот стан во Њујорк.

Иако повеќе од 80 жени го обвинија холивудскиот магнат за силување и сексуално вознемирување, Хари Вајнштајн рекол дека сите односи биле со согласност, на њујоршкиот суд го тужат само две жени.

Една од нив е неговата поранешна помошничка која тврди дека тој сексуално ја злоставувал во 2006 година.

– Не беше возможно да повикам полиција – рекла таа, бидејќи во Њујорк таа работела без работна виза и можела да биде протерана од САД.

Пред судењето одбраната се обиде да го дискредитира нејзиното сведочење, настојувајќи дека таа не била во контакт со продуцентот повеќе од една година од наводниот напад.

Слични содржини