Според ББС, тие моментално се 71, а според други извори веќе има 73. Се известува дека 74 лица биле хоспитализирани со разни повреди и  изгореници.

Гувернерот на Хидалго, Омар Фајад, рече дека 54 од починатите биле толку сериозно изгорени, што нивното препознавање било можно само преку анализа на ДНК.

Според локалните власти, експлозијата се случила поради штета предизвикана од непознати луѓе, во обид да се украде гасот од гасоводот.