Зибери: Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на залагање на тоа јас да бидам мандатар

од Берта Китинска

Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на залагање на тоа јас да бидам мандатар, вели Насер Зибери од ДУИ во своето гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Господинот Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на залагање на тоа јас да бидам мандатар. Се разбира дека не се исклучуваат сите опции, впрочем продуктот создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори но неговите аргументи одат во насока јас да бидам мандатар, од причина што претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец, многу носители на јавни функции…господинот Ахмети смета дека државата треба да ги руши последните етнички бариери, а тоа ќе ги зајакне внатрешните капацитети и државата ќе докаже дека секоја функција е еднакво достапна за секој, вели Зибери.

Тој додава дека за ДУИ е најважно да се биде дел од идната коалиција

– За нас е важно дали ќе се валоризираат политичките определби за тоа што е наша аспирација. Има еден џентлменски договор меѓу партиите Алијанса/Алтернатива, ДУИ и останатите дека оној што ќе добие макар еден глас повеќе а не мандат, ќе се помири со фактот дека ги изгубил изборите и дека нема да чека на ред кој мандатар која партија ќе ја покнани на преговори за составување на идната влада. На тој план политичките партии на Албанците имаат еден консензус. Дали ќе опстанат не можам да гарантирам, но секако свесни се за реперкусиите и политичката перспектива која може да им се случи доколку без легитимитет бидат носители на извршната власт а ДУИ ја потиснат во опозиција. Можноста од преземање на пратеници од лево кон десно или десно кон лево, мислам дека би било најлошата услуга која може да и се случи на државата. Треба да се испочитува волјата на граѓанинот и нема право ни Заев ни Мицковски ни Ахмети да тргува. Нема право да бараат Заев и Мицковски пратеник повеќе за да може да формира влада. Треба да се почитува и начелото победник со победник, вели Зибери.

Слични содржини