Зибери: ДУИ го забавува СДСМ во испорачувањето резултати

од Viktor Jovanov

Поранешниот пратеник Насер Зибери во денешната дебата во емисијата Топ тема изјави дека ДУИ со актуелното делување го забавува СДСМ во однос на испорачувањето резултати и она што го ветија пред граѓаните.

-ДУИ го забавува испорачувањето на резултати на СДСМ. Решавањето на проблемите во институциите е многу комплицирано. Ова владино мнозинство се изјасни дека нема да продуцира резултати по пат на влијание во другите власти, како во судската. Исто така во однос на други работи, внатре во коалицијата има дијаметрално спротиставени ставови. Не смее и да се заборави дека еден од тие партнери во коалицијата беше со претходната власт, вели Зибери.

Поранешната пратеничка Софија Куновска пак изјави дека одлуката за предвремени парламентарни избори е тактичка игра на премиерот Зоран Заев. Таа тврди Заев го искористил неискуството на Мицкоски, па прв побарал предвремени избори со цел да биде еден чекор пред ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини