Зибери: Граѓаните самите треба да донесат одлука дали и кому ќе ја дадат довербата за иден мандат

од Берта Китинска
351 прегледи

Граѓаните имаат загарантирано право на глас и самите треба да донесат одлука дали и кому ќе ја дадат довербата за иден мандат, но доколку се соочиле со какви било притисоци или сметаат дека им е повредено некое право тоа треба да го пријават кај народниот правобранител,вели  во Утрински народниот правобранител Насер Зибери.

-Избирачкото право е едно од темелните вредности на Уставното уредување на државата, а Народниот правобранител е институција која се грижи за заштита на ова право за секое демократско општество, изјави Зибери.

Отворена е и бесплатна телефонска линија 0800 5432 на која граѓаните можат да пријават кај Народниот правобранител ако сметаат дека им е прекршено правото на гласање или други нерегуларности.

Слични содржини