Зибери: Изборот за Народен правобранител не е компензација со ДУИ

од Берта Китинска

Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите, вели новиот Народен правобранител, Насер Зибери  во интервјуто за РСЕ.

Зибери, ги отфрла коментарите дека ова наградата за кандидатирата за премиер од ДУИ.

-Изборот за Народен правобранител не е никаква компензација. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите, вели Зибери.

Во однос на забелешките на опозицијата која го спори неговиот етички кредибилитет,Зибери вели дека треба да му се даде простор за да ја оправда довербата што му ја дала законодавната власт.

-Тие претпоставки често пати имаат алузии и не се основани од причина што Народниот правобранител сега стапува на должност. Треба да се даде простор и јас сум убеден дека со мојот ангажман ќе ги демантирам сите скептици и дека ќе ја оправдам довербата што ни ја даде и законодавната власт, но и даночните обврзници кои впрочем издвојуваат средства, за да ние бидеме чувар на слободите и на правата на граѓаните кога тие се доведени во прашање од страна на институциите кои постапуваат, вели Зибери.

Слични содржини