Зибери: Можев да бидам министер за правда, ама останав непартиска личност како и за време на изборите

Во своето гостување на „Утрински брифинг“, новоизбраниот народен правобранител, Насер Зибери посочи како течела постапката за неговиот избор, што е тоа што е нејасно кај опозицијата, но исто така, потенцираше и дека останал до крај непартиска личност и одговорен зад сето она што го промовирал во текот на изборниот процес, кога беш дел од ДУИ и потенцијален кандидат за премиер на С.Македонија.

„Од еден аспект, односно формално-правен, сите условит кои се потребни се исполнуваат за позицијата народен правобранител. Тука се стручната подготвеност, искуството, занимавањето со право, што не треба да биде цел на дискусија кај опозицијата особено не кај Албанските политички блокови во опозицијата. Од друг аспект е постапката за изборот, и оттаму не се наиде на ништо спорно дури заминавме и чекор повеќе. Тоа е во смисла што пратеник кој со мене е во крвно сродство се иззема од сите комисии и дебати врзани за изборот“, истакна Зибери.

Тој додаде и како течеле преговорите со Ахмети, и зошто не се осудил да преземе функција во Владата по завршувањето на изборниот процес.

„Иако бев номиниран од ДУИ за евентуаелен премиер на Владата, јас по изборите останав надвор од политичките блокови и кругови и тоа не само надвор од ДУИ, општо надвор од политичката сцена. Јас во ниту еден момент со Ахмети не разговарав за време на изборите. По изборите, разговараме за функции, како на пример Министер за правда, но сметав дека треба да останам настрана бидејќи бев промовиран како непартиска личност“, заклучи Зибери.

Слични содржини