Зибери: Народниот правобранител е во функција да ја вознемири владата доколку дојде до повреда на граѓанските права

од Nikola Popovski

„Мора да се почитуваат роковите предвидени со закон. Доколку не се почитуваат препораките на Народниот правобранител, тоа се смета како повреда на Законот, а тоа ги доведува носителите на јавните функции во судир со законот, но и со притисокот на јавноста“, вели Народниот правобранител Насер Зибери.

Според него, Народниот правобранител е во функција да ја вознемири владата доколку има основани сомненија дека се повредени законските утврдени права и слободи на граѓаните.

„Негова должност е да го направи тоа“, истакнува Зибери.

Воедно, тој посочи дека кај негои постои подготвеност институцијата Народен правобранител да се постави на вистински основи.

„Пред се мислам на абсорбирање на собирање и ставање во функција на сите надлежности кој законот му ги дава, второ да биде кооперативен и трансапрентен во својата функција и да има солидна соработка, пред се со медиумите, а преку медиумите да бидат запознаени граѓаните со тоа што ние сработуваме и со кој проблеми се соочуваме, а преку тоа на некој начин да бидеме притисок врз органите на управата, единиците на локалната самоуправа и сите институции кој потпаѓат под нашиот радиус на обсервирање“ изјави Зибери.

Слични содржини