Зибери: Не сум задоволен од соработката со Собранието

од Берта Китинска

Народниот правобранител Насер Зибери денеска го објави извештајот за повреда на човековите права.Според него најмногу кршење има на правата на децата при посета на наставата преку онлајн-учење. Тој додаде дека не е задоволен од работата на Собранието.

-Од соработката со Собранието не сме задоволни во смисла на тоа дека ние поднесовме барање за определување на механизмот за граѓанска контрола не профункционира бидејќи согласност  законот им е истечен договорот за да се распише нов оглас. Моја надлежност е да го ставам тој Механизам во функција, за што има голема заинтересираност, како од невладините организации, така и од амбасадите во Република Северна Македонија. Вие гледате пред некој ден дури го поминаа едвај извештајот за 2019 година, а овој Извештај за работата на Омбудсманот за 2020 година што го презентирам , којзнае кога ќе дојде на дневен ред во Собранието”, изјави Зибери.

Тој додаде дека и нема доволна соработка и од страна на Обвинителството за организиран криминал.

Слични содржини