Зибери: Верувам дека премиер Албанец ќе има

од Берта Китинска

Насер Зибери вечерва во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека политичките амбиции на Албанците не завршуваат со отворање на Униветрзитет на албански јазик, со избор на претседател на Собрание или со министер за надворешни работи.

„Ние треба да имаме и премиер Албанец. Тоа не е неостварливо. Не е важно дали ќе бидам јас или друг, но добра порака за соживот е да има во иднина премиер Албанец, и тоа ќе биде“, напомена Зибери кој додаде дека ова прашање и натаму не е затворено.Јас бев кандидат, утре може да биде некој друг“, рече Зибери.

Тој изјави дека бил скептичен во врска со неговата кандидатура за прв премиер Албанец.

„Се убедувавме со денови со Али Ахмети. Бев скептичен. Но, Ахмети важи за човек со визија. Успеа да направи доста работи за Албанците. Почнав да верувам и денес верувам дека премиер Албанец ќе има. Дали јас или друг, но тоа ќе биде“, изјави Зибери.

Слични содржини