Зибери: Затворите се преполни, затвореници се сместуваат по ходници, некаде спијат по двајца во еден кревет

од Берта Китинска

Народниот правобранител Насер Зибери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека 80% од затворите низ Македонија се преполни, а затвореници се сместуваат по ходници до изнаоѓање на решенија.

Тој додава дека затворениците некаде спијат по двајца во еден кревет, додека пак хигиената е на катастрофално ниво.

-Во одредени крила во Идризово затворениците се сместуваат и во ходник, таму им се поставува душек, кажа тој.

Слични содржини