Зидан: Бејл побара да не игра против Сити

од Vladimir Zorba

Герет Бејл побара да не биде во тимот за реванш дуелот од Лигата на шампиони против Манчестер Сити, изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Тоа беше приватен разговор со него. Остатокот останува меѓу него и мене, но тој рече дека не сака да игра“, рече легендарниот Французин.

Бејл последен пат играше за Кралскиот клуб на 24 јуни.

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе се обидат да го надоместат дефицитот од 2:1 на првиот натпревар на стадионот „Етихад“ утре и да напредуваат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид е закажан за 21 часот, исто како и натпреварот Јувентус – Лион.

Слични содржини