Зидан: Би сакал Меси да остане во Барселона

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, му посвети добар дел од прес-конференцијата во пресрет на утрешното Ел Класико на најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси. Французинот зборуваше пофално за аргентинскиот ас, а се осврна и на фактот дека договорот на Меси со каталонскиот клуб истекува во јуни годинава.

Најдобар стрелец

– Искрено би сакал да остане во Барса. Најдобро се чувствува таму. Во исто време, добро е и за самата Лига, истакна Зидан.

Иако е најдобар стрелец во историјата на дуелот помеѓу двата шпански гиганти, Меси нема постигнато гол уште од 2018 година.

– Не е тоа нешто што треба да не опушти. Сите знаеме за каков играч станува збор, дури и кога не постигнува голови. Од него многу зависи во Барселона, анализира тренерот на „Кралскиот клуб“.

На врвот на табелата во шпанското првенство е гужва. По 29-то коло, Атлетико е прв со 66, пред Барса со 65 и Реал, кој има 63 бода.

Слични содржини