Зидан ги прекршил правилата за карантин, ќе плати казна од 1.500 евра!

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги прекрши правилата за карантин со напуштање на шпанскиот главен град, јавуваат локалните медиуми!

Зидан, наводно, отишол во село во близина на Мадрид, каде купил имот минатата година, а за кршење на правилата ќе мора да плати казна од 1.500 евра.

Иако тој не заминал далеку, доволно било само да се излезе од Мадрид и да биде казнет. Иако, Французинот практично нема да ја почувствува таа сума.

Да потсетиме, Примера се враќа во нормала од 8 јуни, додека продолжението на првенството се очекува на 12 или 19 јуни.

Трката за титулата ќе биде многу интересна, затоа што Барселона има еден бод повеќе од Реал.

Слични содржини