Зидан го испрати Јовиќ: Лука, имаш уште многу да научиш

од Nikola Popovski

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го прокоментира заминувањето на Лука Јовиќ во Ајнтрахт Франкфурт.

Српскиот репрезентативец ќе мине шест месеци во клубот каде играше најдобро во својата кариера.

„Лука Јовиќ е сè уште наш, ќе видиме што ќе се случи. Тој е напаѓач кој знае да дава голови, тоа е она што го бараме од него, но тој имаше 21 година кога ни се придружи, беше млад. Немаше среќа, имаше потешкотии и со повредите. Тој има уште многу да научи, но има и свои квалитети “, рече Зидан.

Реал ќе „покрие“ 80 проценти од платата на Јовиќ во оваа позајмица, а Ајнтрахт има можност да профитира, доколку Лука се врати во препознатлива форма, кога го „продаде“ во Мадрид.

Тој одигра само 1.014 минути за славниот клуб, постигна два гола (против Леганес и Осасуна), асистираше на уште два и пропушти многу шанси.

loading...

Слични содржини