Зидан: Им верувам слепо на играчите

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја бранеше одлуката на клубот да не привлече ниту еден нов играч во Јануарскиот преоден рок, велејќи дека има „слепа доверба“ ​​во својот тим.

Реал заостанува на 19 поени од лидерот Барселона во шпанското првенство, отпадна од Кралскиот Куп на Шпанија и ќе игра против Пари Сен Жермен во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Зидан додаде дека има доверба во групата на играчи кои станаа првиот тим во историјата, кој го одбранил трофејот во Лигата на шампионите минатата сезона.

„Ние сме заедно, и покрај овој тежок момент. Гледам дека фудбалерите се концентрирани. Имавме многу тешки моменти. Верувам во мојот тим, верувам слепо на играчите, а тие ми возвраќаат на ист начин“, рече Зидан на пресконфереција пред натпреварот утре со Леванте.

„Не ме интересира што ќе се случи следната сезона. Тука сум за да се размислува за тука и сега, да го подготвам тимот за следните натпревари. Медиумите тврдат дека првенството е решено, но јас не мислам така. Никогаш не знаеш што ќе се случи во фудбалот и ние ќе се обидеме да победиме на сите наши натпревари“, изјави уште Зидан.

Слични содржини