Зидан повторно дефицитарен: Јовиќ поради повреда надвор од ростерот

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ нема да му биде на располагање на Зинедин Зидан за мечот со Осасуна во Памплона.

Клубот објави дека 23-годишниот напаѓач е повторно повреден и дека тој нема да биде меѓу 23-те играчи. Јовиќ неодамна беше надвор од ростерот, исто така од здравствени причини.

Тој се врати на тренинзите, но беше „закован“ на клупата неколку натпревари. Оваа сезона тој одигра само 149 минути за „кралскиот“ клуб, и не постигна ниту еден гол.

Натпреварот помеѓу Осасуна и Реал е закажан за во сабота од 21 часот.

Слични содржини