Зиков: Денешната условна казна затвор за Јанакиески е за бизарна тема

од Nikola Popovski

„Во демократска земја, ниту треба да биде ситење, ниту треба да биде поука. Треба законот да се применува“, изјави политичкиот аналитичар Љупчо Зиков за емисијата „Само вистина“ на темата за денешната судска пресуда за случајот „Насилство во Центар“ и вчерашното затворање на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

„Реакциите се поделени, едни се од ВМРО страната, другите се од СДСМ, т.н. „ботови“. За овие 30 години имаме многу ситуации каде што законот е применет и помалку ситуации каде што законот не е применет. Бизарна е темата за која е дадена денешната условна казна затвор. Сепак, ова треба да продолжи и во делот на другите политички партии, како што се СДСМ и ДУИ, на нивни активисти, да не биде насочена само кон активни луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Не треба правдата да застане“, смета Зиков.

Слични содржини