Зиков: Парламентот е донесен до гротеска, пратеници го минуваат мандатот во спиење

од Vladimir Zorba

Новинарот Љупчо Зиков во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ вели дека Парламентот е донесен до гротеска, откако има пратеници кои зафаќаат столчиња, трошат државни ресурси и „го минуваат мандатот во спиење“.

-Земаат 100-тина илјади за патни трошоци, пијат кафе и се хранат евтино, тие работи треба да се сменат бидејќи тие се избор на народот. Пак одиме до моделот, кога би имале подобар модел, идните избраници ќе се залагаат за мали работи, а не да сме сведоци на егоизам кога ќе влезат во Парламентот, вели Зиков.

Тој смета и дека пратениците треба да имаат одговорност како носители на јавни функции.

Слични содржини