Зиков: Во ваква криза не може ниту криминалот и сивата економија да цветаат

од Viktor Jovanov

Светот не памети ваква економска криза. Ова не е само пандемија на вирус, туку е и пандемија на паника. Човештвото ја изгуби контролата последните месец два, кога се испушти оној мир кај луѓето, бидејќи луѓето се основачи на бизниси и инвеститори. Тоа ја прави оваа панична криза. Немало до сега ваква криза бидејќи сите до сега имаат локален карактер, транзицијата во деведесетите беше наша транзиција. Исто така и југословенската транзиција и ембаргото од Грција, но во тоа време се појавуваа и пријателите на Македонија, и се издржуваше. Во вакви кризи не може ни криминалот да цвета, нема ни сива економија. Сите кризи наназад беа локални, изјави економскиот аналитичар Љупчо Зиков.

-Социјалните мрежи и секаквите вести што се шират таму дополнително ги дразни луѓето да креваат паника. Да се луѓето на работа , нема да бидат толку на интернет. Тоа не може да се контролира, постои комплетна промена на животот поради коронавирусот. Информациите околу вирусот мора да доаѓаат од едно место, од министерството за здравство, тоа е многу важно. Меѓутоа не може да се спречи неодговорното ширење на лажни информации, од типот на падот на денарот. Со такви теми не треба да се манипулира, вели Зиков.

Тој додава дека важна е проценката до кога ќе трае кризата, и што е тоа крај на кризата.

-Ќе треба еден да каже дека е крај и да не врати на работа, не би било добро доколку тоа се развлекува, вели Зиков.

Слични содржини