Зимата во Европа е завршена

од Aleksandar Petrovski

Според месечната прогноза што денеска ја објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ЕЦМВФ), зимата во Европа е завршена.

Имено, позитивно температурно отстапување се очекува во сите седмици до 1 март и почетокот на климатолошка пролет. Очекувано температурно отстапување е најзабележително и најизразено во Русија од каде доаѓаат пристигнуваат зимски пејзажи.

Тоа не значи дека нема да има краткотрајни фронтови или можеби и циклони кои можат да донесат снег, но од големите зимски сценарија, се чини дека ништо нема да се случи. Во прилог на ова оди и фактот што се предвидуваат помалку врнежи од просечните, што значи продолжување на доминацијата на топлите антициклони, пишува Истрамет.

И сервисот „Севир Ведр Јуроп“ (Severe Weather Europe) кој следи невремиња во Европа, вчера објави што се очекува во февруари, а најави и каква би можела да биде пролетта.

Со оглед на тоа што над поголемиот дел од Европа и Азија ќе се задржи висок притисок на воздухот, и во февруари на тоа подрачје се очекуваат температури над просекот за тој период од годината. Тоа значи дека дополнително се продолжува веројатноста дека над континентална Европа нема да има вистинско зимско време.

„Севир Ведр Јуроп“ истакнува дека секогаш постои можност за преоден ладен образец бидејќи студениот фронт може да премине низ Европа, но според сегашните анализи веројатноста за тоа е многу мала. Како се доближува февруари, така и поларниот вител полека ја губи силата и секаква поголема промена во динамиката, во смисла на доаѓање на ладен воздух, би била премногу доцна за да се создаде одржлив образец на студено време.

Слични содржини